Што е компјутерска дијагностика на возило и зошто е важна?

Точка

28/07/2020

09:10

5.101

Големина на фонт

а а а

Редовните компјутерски дијагностички тестови можат да откријат проблеми со вашето моторно возило пред да станат скапи поправки или уште полошо, да бидат причина за дефект. И најважно, сериозно придонесуваат за вашата безбедност на пат.

Како што современите возилата стануваат покомплексни, со нови системи за зголемување на безбедноста и подобрување на искуството при возење, така расте предизвикот соодветно да се одржуваат. Прецизното дијагностицирањето на „грешките“ или дефектите е можно само со најсовремена опрема. Отстранувањето на дефектите во електронските уреди на возилото, пак, стана вистинска уметност која бара соодветна експертиза и искуство. Во новоотворениот техничко-дијагностичкиот центар за возила на АМСМ, ги имаме и двете.

Една од предностите на комјутерската дијагностика е што не одзема многу време, а овозможува увид во целокупниот систем на возилото, детектирајќи ги проблемите пред тие да направат посериозен дефект.

Како работи компјутерската дијагностика на возила?

Компјутерски дијагностички тест се врши со помош на дијагностички уред што се поврзува со вашето возилото, независно од брендот и моделот, при што се евидентираат сите електронски проблеми или „грешки“ во возилото. Може да открие постојни недостатоци, вклучувајќи проблеми со моторот на автомобилот, менувачот, системот за издувни гасови, сопирачките и другите главни компоненти.

Што во случај на дефект на некој електронски систем во возилото?

Кога дијагностичкиот тест евидентира дефект на некој електронски уред во возилото, тогаш наместо да го замените, ние сме во можност да ви обезбедиме соодветна поправка. Поправката на дефекти на сите електронски уреди на возилата, се наша специјалност, а трошокот за поправка е неспоредливо помал од оној за замена на било кој електронски уред во возилото. Дополнително, ако сте АМСМ член добивате 20% попуст на сите услуги и можност уште повеќе да заштедите.


Што е тјунинг (ре-мапа) и зошто добивате доживотна гаранција?

Софтверскиот тјунинг е постапка со која се подобруваат перформансите на возилото, се намалува потрошувачката на гориво, се зголемува моќноста и се обезбедува подобро управување со возилото. За професионаланата изведба и квалитетот на тјунингот ви гарантира доживотната гаранција која ја добивате со секој изработен фајл.

АМСМ техничко-дијагностичкиот центар, кој по својот обем на активности, е прв од ваков вид во земјата, работи како дел од АМСМ Службата за помош и информации на пат, а е лоциран во рамките на објектот на АМСМ во Скопје - Центар.

Повеќе за услугите можете да прочитате тука.




Спонзорирани линкови

Маркетинг