По неа жали веќе 15 години: Филмот кој го прослави му останал во горко сеќавање, а виновник е една од најубавите жени на светот

Точка

28/07/2020

21:42

12.372

Големина на фонт

а а а

Иако зад себе има многубројни филмски успеси, една од неговите најактуелни улоги кои што ги одиграл во долгогодишната кариера американскиот актер Бред Пит, секако дека е таа на Ахил во хитот „Троја“.

Оваа година се одблежуваат 16 години од премиерата на тој филм, а многу од обожавателите на 56-годишниот актер го ''промашиле'' фактот дека на Пит овој филм сепак му останал во горко сеќавање.

Имено, како што пренесува „Entertain Times“, актерот своевремено жалел многу поради тоа што никогаш не добил шанса да соработува со индиската актерка, 46-годишната Ајшварија Рај која што ја добила улогата на Брисеида.


Имено, таа не се согласувала со одредени делови од сцените кои што требала да ги сними, па улогата ѝ припаднала на Роуз Берн.

„Би сакал да соработувам со Ајшварија, ја пропуштив својата шанса во 2004-та година кога таа ја доби улогата“ - изјавил Пит.

Инаку, Бред Пит ја обожува оваа актерка и смета дека е многу успешна на полето на актерството, но исто така и многу убава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг