Со овие намирници ги уништувате бубрезите: Со нивното пречесто консумирање го ризикувате своето здравје

Точка

27/07/2020

17:36

8.481

Големина на фонт

а а а

Бубрезите имаат многу важна улога во човечкиот организам – тие се задолжени за отстранување на разни отрови од телото преку урината, создаваат хормони и ги филтрираат токсините и вишокот течност во крвта, па затоа е важно да водите грижа со што ги “храните”.

Со овие намирници е најдобро да се биде умерен: 

Алкохол

Алкохолот во основа е отров кој вашите бубрези мораат да го филтрираат. Умереното консумирање на алкохол не ја прави оваа работа премногу тешка, но прекумерното консумирање прави вистински притисок врз нив. Преголемата количина на алкохол всушност ја менува функцијата на бубрезите, слично како што ја менува функцијата на мозокот и ги прави неспособни ефикасно да ја филтрираат вашата крв.


Алкохолот има дехидрирачко својство, а водата е од критична важност за функцијата на бубрезите, како и за секоја поединечна клетка во нашето тело. Оваа внатрешна борба е една од причините поради кои мамурлакот толку пречи. Многу е важно да пиете многу вода секогаш кога консумирате алкохол.

Сол

Натриумот е всушност важна состојка која му помага на телото да одржува правилна рамнотежа на течностите. Работејќи заедно со калиумот, натриумот ја одржува нашата крв за да може ефикасно да ја филтрира низ бубрезите. Меѓутоа, кога имате премногу сол во исхраната, бубрезите се принудени да сочуваат повеќе вода за да ја разредат крвта. Тоа на крајот го покачува крвниот притисок и може дури и да ги оштети микроскопските структури во бубрезите кои ја извршуваат филтрацијата – нефроните.

Кофеин

На многумина од нас нѝ е потребна секојдневна доза кофеин за да можеме да функционираме наутро, плус вечерна доза или две кога мора да работиме до доцна. Но, бидејќи кофеинот е стимуланс, тој го забрзува протокот на крвта и може да го зголеми крвниот притисок. Тој е и благ диуретик, што значи дека влијае врз способноста на бубрезите да апсорбираат вода и може да доведе до дехидратација.


Во мали количини, кофеинот не им создава премногу стрес на вашите бубрези. Меѓутоа, прекумерната консумација може да ги влоши болестите на бубрезите и да предизвика бубрежни каменчиња поради хронична дехидратација. Сè додека консумирате 2 или 3 кофеински пијалаци дневно и пиете многу вода во меѓувреме, не треба да се грижите!

Млечни производи

Млечните производи се богати со калциум и други хранливи состојки, како и со протеини. Тие можат да бидат здрав додаток во вашата исхрана, но не смеат претерано да се консумираат. Премногу калциум може да доведе до камен во бубрезите бидејќи вашите бубрези се борат да го исфрлат вишокот преку урината.

Преоптоварените бубрези, исто така нема да бидат во можност да го обработуваат протеинскиот отпад и може да дојде до опасно ниво во вашето тело. Истражувањата покажале дека ограничувањето на консумацијата на млечни производи за луѓето со бубрежни болести може да ја одложи потребата за дијализа.


Месо

Премногу месо може да предизвика проблеми со бубрезите бидејќи животинските протеини се тешко сварливи, па претставуваат товар за бубрезите. Исхраната богата со животински протеини би можела да доведе до развој на бубрежни каменчиња. Месото содржи голема количина на пурин кој го поттикнува производството на мочна киселина, што е една од најчестите причини за бубрежни каменчиња. Наместо тоа, консумацијата на зеленчук и јаткасти плодови би можела да ги обезбеди протеините кои му се потребни на телото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг