Нападнала жена бидејќи не носела маска во автобус, возачот ја посрамотил со една реченица

Точка

27/07/2020

16:53

6.056

Големина на фонт

а а а

Возач на автобус морал да го запре возилото и да интервенира откако група на патници започнала да се расправа бидејќи млада девојка не носела заштитна маска.

Видеото било снимено во Ливерпул и предизвикало бројни реакции на социјалните мрежи. Неколку луѓе почнале да ја критикуваат младата жена без маска, а помеѓу нив била и една жена чија маска ѝ ја прекривала само устата, но не и носот, пред другата група да започне да ја брани. 

На снимката која станала вирална се слуша возачот кој прашува што се случува додека луѓето викаат и пцујат.

“Само се расправа со сите... вели дека сте вие проблемот бидејќи им допуштате на луѓето да влегуваат”, му одговара една жена.

“Ако веќе им паметувате на другите за маски, барем носете ја правилно. Ако сте веќе полиција за маски”, ѝ вели возачот во еден момент на жената која не го прекрила носот. Жената потоа одговара дека правилно ја носи маската пред тој да ѝ даде до знаење дека не е негова работа да ги испитува сите кои влегуваат во автобусот.

Жената на крајот од видеото излегла од автобусот, велејќи дека ќе го пријави инцидентот, пренесува “Metro”.

Заштитните маски се задолжителни во јавниот превоз во Англија од 15 јуни. Оние кои не ги носат би можеле да се соочат со казна од 100 фунти или забрана за влегување во јавниот превоз, меѓутоа лицата со инвалидитет и децата до 11 години се изземени од правилата, како и оние кои имаат потешкотии со дишењето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг