„Не правете го тоа, премногу е опасно!“: Драматичен апел на докторите за претстојната борба на Тајсон и Џонс

Точка

27/07/2020

15:18

5.187

Големина на фонт

а а а

Боксерската легенда Мајк Тајсон се враќа во рингот на 54 години, а за ривал ќе го има помладиот Рој Џонс.

По многу работи оваа борба ќе се разликува од вистински бокс натпревар, Тајсон и Џонс нема да носат кациги, како што е планирано досега, но ќе имаат поголеми ракавици од прописните и борбата ќе трае осум минути.

Инаку, борбата е закажана за 12-ти септември во Калифорнија, а тоа ќе биде првиот натпревар на Тајсон од месец јуни 2005-та година кога го загуби натпреварот од Кевин Мекбрајд.

Џонс за разлика од Тајсон е ''посвеж'' затоа што во рингот последен пат се нашол пред две и пол години, во февруари 2018-та година.

Иако тоа нема да биде спектакл во вистинска смисла и во натпреварот нема да има ниту судии, туку истиот ќе биде прекинат по пвиот посилен удар, доколку се случи некаква исекотина, постојат луѓе кои што се апсолутно големи противници за овој дуел.

Причините се повеќе од оправдани - здравствени.

Американскиот доктор Лук Кригс смета дека не е нормална одлуката двајца пензионери повторно да влезат во рингот, затоа што последиците можат да бидат фатални.

Мајк Тајсон има 54 години, а Рој Џонс е помлад од него три години.

„Кога старееме стануваме поранливи и на нашиот мозок му е потребно многу повеќе време да се опорави од повреди. Борбата би можела да остави сериозни последици на боксерите, од кои најголемата е смрт“ - изјавил Григс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг