Поминаа 5 месеци од првиот позитивен случај - Македонија надмина 10.000 заболени од коронавирус

Точка

26/07/2020

18:51

3.306

Големина на фонт

а а а

Поминаа точно 5 месеци од првиот потврден случај на коронавирус, Македонија денеска стана 80-та држава која ја поминала границата од 10.000 заразени.

Од направените 1.077 тестирања во изминатите 24 часа, 152 дале позитивен резултат.  

Досега починале 460 лица, бројка која е непроменета од вчера. Од првиот регистриран позитивен тест на 26-ти февруари, вкупната бројка заразени порасна на 10.086

5.427 лица оздравеле, а 4.199 се активни случаи. Според Универзитетот Џонс Хопкинс, во светот досега има над 16 милиони заразени и 645.000 починати од Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг