Бил Гејтс ги коментирал теориите на заговор против него: На луѓето им е полесно да имаат едноставни објаснувања

Точка

25/07/2020

15:20

3.555

Големина на фонт

а а а

Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, во текот на разговорот со "CNN" ги коментирал теориите на заговор кои од почетокот на пандемијата на коронавирусот многу често се однесуваат на него.

Огромен број на корисници на Фејсбук објавуваат такви теории, а во кои се споменува Бил Гејтс. Тоа е случај и со другите социјални мрежи. 

"Во ситуација сме каде постојат социјални мрежи на кои се објавуваат многу возбудливи работи. Во текот на пандемијата, кога е се неизвесно, на луѓето им е полесно да имаат поедноставни објаснувања. Поради тоа луѓето како мене стануваат мета на милион пораки кои се праќаат секој ден.

Нашата фондација даде повеќе пари за развој на пет вакцини кои ќе спасуваат животи од било која друга организација. Но тоа се извртува од страна на оние кои велат дека ние од тоа заработуваме и се обидуваме да ги убиеме луѓето. Делот кој не поврзува со вакцината е точен, но тоа поврзаност се извртува", рекол тој за "CNN".

Порачал и дека луѓето кои работат на развој на лекови и вакцини против коронавирусот имаат само добри намери. Според неговите зборови, тој е шокиран со бројот на објави кои содржат теории на заговор на социјалните мрежи. Потсетил дека вакцините биле предмет на овие теории и пред избивањето на пандемијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг