„Лилјакот нè зарази, тој и ќе нè спаси“: Дали во имуниот систем на ова животно се крие лекот против Ковид-19?

Точка

24/07/2020

15:58

4.394

Големина на фонт

а а а

Научниците дошле до заклучок дека до лечење на болеста ќе дојде во оној момент кога ќе се утврди на кој начин геномот од лилјакот еволуирал.

Не многу долго по избивањето на пандемијата коронавирус, голем број од научниците ширум светот го вперија прстот кон, како што велат тие, главниот виновник - лилјакот.

Наводно, сè укажува на тоа дека овој вирус токму од тоа животно ''се пресели'' во човекот.

Меѓутоа, новите истражувања укажуваат дека лекот против опасниот коронавирус би можеле да го бараме токму во - лилјакот!

Имено, со издвојување на геномот од лилјаците научниците дошле до заклучок дека ова животно има единствен имунолошки систем и дека истиот е отпорен на коронавирус, изјавила професорката од Универзитетот во Даблин, Ема Тилинг.


„Доколку научниците успеат да го пронајдат начинот кој што би го имитирал имунолошкиот систем од лилјакот, можеби лекот против вирусот би можел да се најде во природата“ - изјавила Ема Тилинг.

„Сето тоа може на научниците да им укаже на чекорите кои што треба да ги преземат за да дојдат до лекот против коронавирусот“.

Инаку, Тилинг го покренала и научниот проект „Bat1K“, со цел да се декодираат геномите од секој од 1.421-те видови лилјаци.

„До лечење на болеста, но и до превенција на стареењето кај луѓето, би се дошло во оној момент кога би се утврдило на кој начин геномот на лилјакот еволуирал“ - вели Тилинг, пренесуваат од „Би-би-си“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг