Парче островски рај: Ова луксузно “село на вода” нуди бегство од реалноста и одмор каков што заслужувате

Точка

24/07/2020

13:32

4.780

Големина на фонт

а а а

На Малдиви од неодамна е отворен прекрасниот ресорт наречен “Lux North Male Atoll” кој носи мала револуција во сместувачките капацитети во овој тропски рај во Индискиот океан.

Станува збор за луксузно “село на вода” кое се состои од вкупно 67 двокатници во лагуната, но и на плажа. Секоја од нив е опремена со сопствен базен и угоден “lounge” простор на кровот за релаксација и забава. 

На кровот можете да побарате масажа со поглед кон ѕвезденото небо, организирана филмска проекција, романтична вечера за двајца или пијалак со пријателите.


Сингапурската групација “Miaja” стои зад изгледот на ресортот кој е создаден по пример на суперјахта. Главната цел им била да создадат парче островски рај во комбинација со најмодерните елегантни ентериери во кое ќе се чувствувате како дома.

Пространите вили се опремени со монументални кревети, огромни дневни соби, луксузни бањи и тушеви на отворено.


Сместувањето може да се резервира по цена од околу 1000 евра за ноќевање на две лица, но можете да го изнајмите и целиот ресорт по “скромна” цена од 158.000 евра за три ноќевања.




Спонзорирани линкови

Маркетинг