Иако на многу возачи со ограничен буџет им се привлечни поради ниската цена, старите автомобили имаат една голема маана – лошата безбедност. Тоа најдобро го покажува ова видео.
Во последните 20-тина години автомобилите драстично напредуваа на полето на безбедноста. Ако одиме наназад во минатото, таа разлика е повеќе од очигледна, посебно кога ќе се споредат модели од различни класи и година на производство.
Токму тоа го покажува овој тест на судир во кој е „жртвуван“ мал градски автомобил – некогаш популарниот Фиат Уно од 80-тите години на минатиот век.
Уно навистина има тешка задача – со 90,5 километри на час удира во задниот дел од БМВ Серија 5, а баварскиот модел освен тест кукли има и 210 килограми товар сместен во багажниот простор.
Некогашниот „европски автомобил на годината“, Фиат Уно судирот го помина катастрофално – практично целиот преден дел беше смачкан, додека пак иако судирот беше прилично силен, БМВ-то практично остана недопрено, а уште поневеројатно е тоа што не се скрши ниту задното стакло.