Бизнисмените Мицевски и Амзоски не се мали бебиња за јас да ги измамам: Боки 13 тврди дека цела Влада застанала зад проектот...

Точка

23/07/2020

13:11

3.792

Големина на фонт

а а а

Првообвинетиот во случајот „Меѓународен Сојуз“, Бојан Јовановски тврди дека тој не бил единствениот потписник на договорите, а со бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзоски порача дека немал никакви проблеми се до случајот „Рекет“.

Во продолжението на воведните зборови на Јовановски кој во случајот „Меѓународен Сојуз“ е обвинет заедно со Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, неговиот татко Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама” и „перење пари”, тој порача дека проектот за изградба на Дом за стари лица бил поддржан од Владата и посредувале истакнати политичари.

„Не сум искористил ниту денар од Буџетот, или злоупотребил нечии пари, ова беше самоодржлив проект. Ова не е хуманитарна, туку невладина организација. Цела Влада стоеше зад овој проект, па и дел од локалната власт. Средствата на бизнисмените Мицевски и Амзоски не се уплатени на сметката на „Меѓународен Сојуз“, туку на приватна сметка. Што се тие, мали бебиња за да ги измами некој?“, изјави Јовановски кој тврди дека соработката бизнисмените се случила преку посредници.

„Бизнисменот Амзовски доколку не се сретнеше со Александар Кирацовски немаше да го прифати проектот“, изјави Бојан Јовановски и додаде дека Мила Царовска ја донела авторката на проектот, Лилјана Тодоровска кај него.

На претходното рочиште, обвинителката Вилма Рускоска во воведните зборови порача дека ќе докаже дека обвинетите ја создале организацијата на темел на лаги, за да им се извлечат пари на споменатите бизнисмени.

Според обвинението, обвинетите ги измамиле Мицевски и Амзоски за учество на проект на „Меѓународен Сојуз“ и ги оштетиле за над милион евра, пари кои сега бизнисмените ги бараат назад.



Спонзорирани линкови

Маркетинг