Гејтс тврди: Ќе мора да примите повеќе од една доза вакцина, постарите лица можеби и три дози!

Точка

23/07/2020

11:06

5.585

Големина на фонт

а а а

„Како што стојат работите сега, ќе мора повеќе пати да се вакцинирате против коронавирусот, а постарите можеби и три пати“, изјави основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.

Милијардерот кој со своите изјави за вакцините го привлекува вниманието на целиот свет, вели дека постоела надеж дека една доза ќе биде доволна, но тоа било само на почетокот на пандемијата.

Тој во интервјуто за “CBC News” изјави дека напорите за пронаоѓање на вакцината против коронавирус се големи на глобално ниво.

„Во овој момент се чини дека ниту една вакцина која се развива, нема да биде доволна за заштита со една доза. Тоа можеби се мислеше на самиот почеток. Можеби вакцините кои ќе бидат развиени подоцна позитивно ќе не изненадат. Но, засега како што стојат работите, тоа нема да се случи. Кога станува збор за постарите лица, тие можеби ќе треба да примат и повеќе од две дози“, изјави Бил Гејтс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг