Полн погодок: Lamborghini веќе направи 10 илјади џипови...

Точка

22/07/2020

15:10

3.011

Големина на фонт

а а а

На Lamborghini им беа потребни само две години за да произведе 10 илјади примероци на Urus, со што на најдобар можен начин е потврдена одлуката на менаџменотот за компанијата да започне да произведува SUV возила.

Од компанијата соопштија дека јубилејниот примерок е наменет за купувач од Русија, а новиот сопственик ќе го добие со “Nero Noctis Matt” црна боја. Автомобилот е опремен и со специјален пакет кој вклучува компоненти од јаглеородни влакна.

Инаку, Lamborghini Urus на пазарот пристигна во декември 2017-та година, а од компанијата не криеја дека џипот е наменет со цел да ја подигне продажбата на автомобили во компанијата.


Веќе во 2019-та година беа испорачани речиси 5 илјади примероци и тогаш тоа беше 61% од вкупната продажба на Lamborghini.

Се очекува оваа година да биде уште поуспешна, затоа што и покрај кризата со пандемијата на коронавирусот, досега се продадени над 3 илјади примероци. Доколку ваквиот тренд продолжи, Lamborghini може до крајот на годината да ја надмине бројката од 6 илјади продадени примероци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг