Повеќе од девет милиони луѓе во светот оздравеле од коронавирус

Макфакс

22/07/2020

11:51

662

Големина на фонт

а а а

Повеќе од девет милиони луѓе во светот се опоравиле од Ковид-19. Според Worldometer, 9.010.122 пациенти во светот се опоравиле од коронавирусот.

Најголем број оздравени има во САД- 1.685.263, по што следат Бразил со 1.409.202, Индија со 752.393, Русија со 562.384, Чиле со 306.816 и Перу со 245.081 закрепнати пациенти.

Од болеста се опоравиле и 242.351 пациенти во Иран, 222.068 во Мексико, 208.144 во Јужна Африка, 208.030 во Пакистан и 204.011 пациенти во Турција.

Коронавирусот се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година, а Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија на 11 март годинава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг