Подготвена е првата вакцина против коронавирусот, која ја направиле воени експерти и научници од Националниот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеј, изјавил денеска заменикот на рускиот министер за одбрана Руслан Цаликов.
Тој рекол дека специјалистите и научниците од Националниот истражувачки центар ги направиле последните проверки и тестирања, дека доброволците кои ја примиле новата вакцина развиле имунитет на коронавирусот и дека добро се чувствуваат.
„Можам да кажам дека првата вакцина против коронавирусот е - подготвена“, рекол Цаликов во разговор со новинарите од весниците „Факта“ и „Аргумент“, пренесува „ТАС“.