Научниците открија 6 различни типа на Ковид-19, секој од нив има различни симптоми - еве кои се тие

Точка

20/07/2020

14:35

5.172

Големина на фонт

а а а

Резултатите од спроведеното истражување би можеле на докторите да им го олеснат утврдувањето на степенот на тежинта на самата болест.

Научнциите идентификувале шест различни видови на вирусот Ковид-19, а секој од нив поединечно има посебни симптоми.

Ова важно откритие може да им помогне на докторите полесно да одредат кои од заразените пациенти се најризични.

Се верува дека различни симптоми можат да укажуваат на сериозност на здравствената состојба кај пациентите, или пак дали на одредениот пациент потребен му е респиратор или пак некој друг вид на болничко лекување.


Истражувањето било предводено од научниците од лондонскиот Универзитет, а тие тврдат дека резултатите до кои што дошле ќе имаат значајни последици во лечењето на пациентите во наредниот бран на коронавирусот и дека истите сознанија би можеле да спасат нечиј живот.

Иако основните симптоми на оваа болест постојано се сувата кашлица, температурата и губењето на сетилото за мирис, податоците добиени врз основа на најновото истражување укажува на тоа дека постои многу поширок спектар на симптоми.

Еве кои се симптомите во зависност од типот на Ковид-19:

1. Како грип, без температура - главоболка, губење на сетило за мирис, болка мускулите, кашлање, суво грло, болка во градите, без температура

2. Како грип, со температура - главоболка, губење на сетилото за мирис, кашлање, суво грло, температура, губење на апетитот, прелада

3. Гастроентеролошки тип - главоболка, губење на сетилото за мирис, губење апетит, дијареа, суво грло, болка во градите, без кашлање


4. Сериозна фаза 1, без замор - главоболка, губење на сетило за мирис, кашлање, температура, настинка, болка во градите, преголем замор

5. Сериозна фаза 2, со конфузја - главоболка, губење на сетилото за мирис, губење апетит, кашлање, температура, настинка, суво грло, болка во радите, преголем замор, конфузија, болка во мускулите

6. Сериозна фаза 3, респираторни и абдоминални проблеми - главоболка, губење на сетило за мирис, губење апетит, кашлање, температура, настинка, суво грло, болка во градите преголем замор, конфузија, болка во мускулите, краток здив, дијареа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг