Мудри мисли на Тесла: „Не ми е жал што ми ги крадат идеите, жал ми е што немаат свои“

Точка

17/07/2020

11:35

2.844

Големина на фонт

а а а

Никогаш нема да дознаеме како функционирал неговиот брилијантен ум, но сè што зборувал и создавал е доказ за тоа.

На Никола Тесла можеме само да му се восхитуваме затоа што размислувал барем 100 години побрзо од останатиот дел од човештвото кое што живеело во негово време.

Ова се неговите најпознати цитати и мисли за животот:

- Човекот е роден да работи, трпи и да се бори. Кој така не постапува, мора да пропадне.

- Ние сите сме едно. Луѓето меѓусебе се поврзани со невидливи мисли.

- Цврсто верувам во правилото компензација. Вистинските награди секогаш се во размерот со работата и жртвите.


- Дарот на менталната енергија доаѓа од Бог, врвно битие, а доколку ние ги концентрираме нашите мисли во таа вистина, стануваме складни со оваа голема моќ.

- Доколку имам среќа да остварам некоја од своите идеи, тоа ќе биде добробит за целото човештво. 

- Не ми е жал што ми ги крадеа идеите, туку што немаат свои.

- Вашата омраза претворена во електрична енергија може да осветли многу градови.

- Мирот во светот може да дојде како природна последица на универзалното просветлување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг