Необичната маска на министерката за здравство стана хит во Белгија

Точка

16/07/2020

19:57

4.166

Големина на фонт

а а а

Заштитната маска на белгиската министерка за здравство, Маги де Блок, привлече големо внимание во јавноста, а не изостанаа ниту бројните реакции на социјалните мрежи.

Де Блок ја носела необичната маска во текот на парламентарната седница на 14 јули, а фотографијата од маската на која е испечатено нејзиното лице, таа ја објавила на Твитер. Министерката порачала дека парите од продажбата на заштитните маски ќе бидат наменети за добротворни цели. 

Во оваа европска земја досега се регистрирани 63.039 случаи на коронавирус, а починале 9.792 лица.

Според податоците на американскиот универзитет “Johns Hopkins”, Белгија по бројот на заразени се наоѓа на 31-то место во однос на другите земји од светот.

##https://twitter.com/MathieuBlon/status/1283375576041103360?s=20##




Спонзорирани линкови

Маркетинг