Кина после половина година ги отвора кино салите: Ќе бидат полупразни, а луѓето ќе мора да ги почитуваат овие мерки

Точка

16/07/2020

19:42

1.242

Големина на фонт

а а а

Кинеските власти дадоа зелено светло за отворање на кино салите, речиси шест месеци откако на сила стапи забраната поради епидемијата на коронавирусот.

Љубителите на филмовите ќе можат од понеделник да ги посетат кино салите на подрачјата каде што ризикот од ширење на заразата повеќе не е голем, но ќе мора во текот на целиот престој во салите да носат заштитни маски за лице.

Одлуката е донесена откако беше соопштено дека филмската индустрија во оваа земја претрпела огромни економски загуби откако кино салите беа затворени кон крајот на јануари кога во Вухан изби епидемијата. Моментално ниту едно место во Кина не е од висок ризик, но кината ќе бидат отворени само во местата каде што властите ќе проценат дека е апсолутно безбедно.


Секако, ќе важат посебни правила - во салата ќе можат да влезат само 30% од вкупниот капацитет, а бројот на проекции ќе биде преполовен. Лицата со висока температура и без маска на лицето нема да смеат да влезат.

Посетителите ќе бидат замолени да носат храна и пијалоци, а лицата кои што не се познаваат ќе мора да седнат на најмалку едно метро растојание.

Компанијата „Ванда филм“ која има околу 600 кино сали ширум Кина во вторникот соопшти дека поради епидемијата на коронавирусот во земјата се соочува со загуба од 229 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг