Оваа сцена од популарната хумористична серија е прогласена за најдобар момент во историјата на телевизијата

Точка

16/07/2020

18:55

3.850

Големина на фонт

а а а

Сцената во која Дел Бој Тротер во легендарната серија “Only Fools and Horses” паѓа преку отворениот шанк е изгласана за најдобар момент во историјата на телевизијата.

Станува збор за сцена од епизодата “Yuppy Love” во која Дел (Дејвид Џејсон) и Тригер (Роџер Лојд Пек) се воодушевуваат на две девојки, а во обид да ги освои со својот кул пристап, Дел не забележува дека некој ја подигнал даската на шанкот зад него, и додека се обидува да се потпре на него, паѓа на земја. 

Второто место на анкетата на компанијата “Virgin Media” во која учествувале 2000 Британци, го зазеде аудицијата на Сузан Бојл во шоуто “Britain’s Got Talent”, а трета е сцената од британската серија “East Enders” во која ликот Ден Вотс ѝ предава документи за развод на својата сопруга Енџи.

На листата исто така се најде моментот во кој се дознава кој го убил Џеј Ар во серијата “Dallas”, средбата на Дејвид Атенбороу со планинските горили и сцената од последната сезона на “Friends” во која Рејчел го напушта авионот за да му се врати на Рос.





Спонзорирани линкови

Маркетинг