„Во ова лудо време, чекаме да нѝ се случи убава работа“: Филип Божиновски наскоро ќе стане татко

Точка

16/07/2020

18:07

2.489

Големина на фонт

а а а

Пејачот Филип Божиновски и неговата сопруга Сања Митровски го очекуваат своето прво дете во време на коронавирус.

„Во ова лудо време, чекаме да нѝ се случи убава работа“, напиша Филип Божиновски на социјалните мрежи, покрај фотографиите на кои се гледа дека Сања веќе е во напредна бременост.

Имаше претпоставки за тоа кој е полот на бебето, а потоа ги решија дилемите со уште една фотографија.  Филип и Сања наскоро ќе станат родители на девојче со оглед дека на фотографијата држат женски бебешки чевлички. 


После 12 години љубов и 2 години брак, наследничката наскоро пристигнува како круна на нивната љубов.




Спонзорирани линкови

Маркетинг