Повеќе од 90 илјади куни ќе бидат убиени на фарма во Шпанија откако коронавирусот со кој биле заразени преминал на луѓе.
Здравствените власти на Шпанија наредија погубување на околу 93 илјади куни на една фарма на истокот на Шпанија откако беше откриено дека повеќе десетина илјади од нив се заразени со коронавирусот, а вирусот го пренеле на работниците.
Властите донесоа ваква одлука со цел да се спречи понатамошното ширење на вирусот.
Фармата се наоѓа во селото Ла Пуебла Де Валверде во регионот Арагон на околу 200 километри од Мадрид. Ветеринарите започнале да ги тестираат животните откако сопругата на еден од работниците била позитивна на тест во мај.
„Дури седум работници се заразиле, вклучувајќи ги сопругата и жената кај која прво бил регистриран вирусот“, соопштија локалните власти.
Најпрвин планот бил животните да се изолираат, меѓутоа откако бил откриен се поголем број на заразени меѓу луѓето, била донесена одлука куните на фармата за крзно да бидат убиени.