САД, Британија и Канада ги обвинија Русите за хакерскиот напад: Сакаат да украдат податоци за вакцината!

Точка

16/07/2020

17:25

1.291

Големина на фонт

а а а

Руски сајбер шпиони наводно се обидуваат да упаднат во базите на Велика Британија, САД и Канада со цел да украдат податоци за вакцина против коронавирусот.

Како што пренесува „Скај“, британските експерти се обидуваат да спречат упад во системите на истражувачките институти и лаборатории.

Трите земји ја обвинија Русија дека стои зад хакерските напади. Наводно, во тек е напад на институции кои се вклучени во борбата со коронавирусот. Обвинувањата испливаа недолго откако одредени руски групи се обиделе да се вмешаат во изборите во Велика Британија.


Британскиот Национален центар ја обвини групата наречена "APT29" за напади на истражувачките центри и од таму соопштија дека се речиси сигурни дека зад нападите стојат руските разузнавачи.

„Ги осудуваме овие напади. Ги напаѓаат тие кои прават клучни чекори во борбата против пандемијата“, изјави Пол Чичестер, еден од директорите на центарот.

Британските и американските власти уште во мај соопштија дека хакери, зад кои очигледно стои некоја моќна држава, се обидуваат да продрат во системите на универзитетите, фармацевтските компании и истражувачките центри за да дојдат до податоци за лекови против коронавирусот.


Тогаш, меѓутоа, не открија за која држава станува збор, иако се шпекулираше дека најверојатно станува збор за руски, кинески или ирански хакерски тимови.

По повод нападите, се огласија и од кабинетот на британскиот премиер Борис Џонсон: „Нападите кои се случуваат се директно насочени на научниците и сите луѓе кои се занимаваат со истражувањата да се победи пандемијата и тоа е одвратно“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг