Џиџи Хадид објасни зошто ја криеше бременоста и го покажа трудничкиот стомак

Точка

16/07/2020

16:38

5.284

Големина на фонт

а а а

Манекенката Џиџи Хадид првпат го покажа трудничкиот стомак додека комуницираше со своите следбеници на Инстаграм.

„Ова е мојот стомак“, рекла расположено манекенката и се завртела бочно за да ја покаже неговата големина.

Џиџи својот труднички стомак го држи далеку од очите на јавноста, а сега објаснила и зошто е тоа така.

„Очигледно многу луѓе се збунети зошто ништо не споделувам. Бремена сум во период на пандемија и, очигледно, постојат многу поважни работи во светот. Многу луѓе го загубија животот поради коронавирусот и тоа сè уште се случува. После тоа имаше протести за правата на Афроамериканците и едноставно мислам дека социјалните мрежи требаше да ги користиме за да пружиме поддршка“, рекла Џиџи.

„Не сакам да се грижам за тоа дали сум слатка и дека морам секој ден нешто да објавувам. Имам семејство и пријатели со кои споделувам сè“, заклучила манекенката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг