Грчева: Од Глас за Македонија се украдени гласови и поделени на големите партии

Макфакс

16/07/2020

15:24

571

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева, обвини дека се украдени гласови и дека се поделени помеѓу големите партии.

„Народов без око да му трепне си ги избира истите криминалци и веднаш се лепи и за нови кои се појавуваат. Последниве ќе му правеле космодроми и ќе му го продавале МЕПСО и Македонски пошти. Се против тоа што ние се бориме. Нека ви е со среќа Северна, тоа сте го сакале цело време. Дадовте гласови на оние кои никогаш не беа со вас и на оние кои ве продадоа топтан. Нека ви е со среќа тонењето и енормниот криминал.

Никако да препознаете здрави концепти за излез од ова бесконечно пропаѓање. Со неодговорноста, себичноста ја запечатувате судбината на генерации. Ние остануваме посветени на декриминализацијата, таа рак рана на нашево општество. Од криминал и името ви го продадоа, од криминал народот е сиромашен, од криминал децата ни се по светот, од криминал со трошки ги купуваат луѓето и за гласање“, напиша Грчева.

За украдените гласови токму од Глас и нивна поделба на големите, додава таа, нема што да зборувам кога со децении криминалци нè водат во бездна.

„Уште еднаш, нека ви е со среќа!!! Секој народ си ја заслужува сопствената влада“, напиша Грчева.



Спонзорирани линкови

Маркетинг