Фотографијата од бизарната риба е хит на интернет: „Како старлета. Има подобри усни од моите“

Точка

16/07/2020

15:36

3.993

Големина на фонт

а а а

Рибар од Малезија уловил бизарна риба со уста и заби слични на човечките, а фотографијата веднаш станала хит на социјаните мрежи.

Фотографиите веднаш привлекле внимание на социјалната мрежа Твитер, каде што и биле објавени, па многумина прашувале дали воопшто рибата е реална.

Се докажало дека таа е реална. Тамошните локални медиуми пишуваат дека станува збор за тропска риба која што е вообичаена во малезиските води.

Постојат 42 видови од оваа риба, а се одликува со голема глава која што зазема околу една третина од нејзиното тело и малечка уста.

Според „National Geographic“ таа опстанува во тропски и субтропски води. Мажјаците од овие риби се територијални и агресивни, а своите импресивни заби ги користат за борба со раковите и морските ежови, како и за разбивање школки.

Уловената риба имала заби како човечките, а корисниците на социјалната мрежа Твитер се шегувале дека рибата има подобри усни од нивните.

Секако, некои од луѓето се ''заиграле'' со фотографијата и во програмите за обработување фотографии, па направиле интересни шеги.




Спонзорирани линкови

Маркетинг