Муние распали по ПСЖ: Тие се загубени во реалноста!

Дерби

16/07/2020

14:21

1.865

Големина на фонт

а а а

Борусија Дортмунд на крајот на месец јуни го потврди Томас Муние како големо засилување за наредната натпрварувачка сезона, откако белгискиот репрезентативец пристигна на „Сигнал Идуна парк“ како слободен агент.

Фактот што не плати никаква отштета за десниот бек е неверојатно добра вест за „милионерите“, кои исклучително брзо си пронајдоа замена за Ашраф Хакими кој замина во Интер. Муние потпиша договор со Борусија до 2024-та година и го доби тоа што ПСЖ не сакаше да му го овозможи, па сега дефанзивецот не се штедеше со нападите кои ги испрати кон поранешниот клуб.

Според новото ФИФА правило поради вонредната ситуација, ПСЖ има опција да го продолжи договорот со Муние до крајот на сезоната и да го искористи за Лигата на шампионите, но на Белгиецот ни на крај памет не му е да се врати во Париз каде на крајот му беше забрането да оди во тренинг центарот на клубот.

– Леонардо никогаш не се обиде да дојде до договор со Дортмунд за евентуално краткорочно продолжување, а уште помалу со мене. Сакаше без разговор да останам да играм гратис во ПСЖ.

– Ми рекоа да не одам во клубот бидејќи нема да најдам никој, тоа е типичен пример дека се загубени во реалноста. Леонардо се обиде преку француската јавност да долови дека сум одбил продолжување на договорот, но вистината е комплетно спротивна. Сакам сите да го знаат тоа, – вели Муние.



Спонзорирани линкови

Маркетинг