НБА легенда со посебни комплименти за Дончиќ: Од „руки“ на годината до МВП материјал

Дерби

16/07/2020

14:20

957

Големина на фонт

а а а

Далас Маверикс е еден од 22-та тима кои ќе бидат дел од рестартот на НБА сезоната во Орландо, тим кој се очекува за првпат да обезбеди пласман во плеј-офот по ерата на легендарниот Дирк Новицки.

По незаборавната етапа на Германецот, сега нов лидер на Маверикси е друг играч од Европа, односно суперталентираниот Лука Дончиќ кој со своите настапи ги импресионираше дури и најголемите оптимисти во пресрет на неговиот премин во најсилната кошаркарска лига во светот.

Неверојатниот Словенец добива позитивни коментари за сето она што го понуди во некомплетираните две сезони, a сега одново во фокусот се најде легендарниот Пол Пирс.

– Очекувам допрва специјални работи од него. Зборуваме за момче кое направи еден од најголемите прогреси во последно време. Од „руки“ на годината, стана материјал за МВП на сезоната. Ги освои сите европски трофеи кои можат да се замислат.

– Станува збор за нешто специјално, тој е неверојатен талент. За мене, тој е најталентираниот играч во НБА лигата. Неговиот потенцијал не познава граници, – вели легендарниот НБА шампион.



Спонзорирани линкови

Маркетинг