Што се случуваше вчера? Хакирани Твитер профилите на милијардерите! На удар Гејтс, Безос, Блумберг...

Точка

16/07/2020

18:08

2.792

Големина на фонт

а а а

Официјалните Твитер профили на милијардери, политичари и најголемите светски компании биле мета на досега невиден напад на се уште непознат напаѓач.

"Уплаќаш 1.000 долари, ти враќаат 2.000, но само во наредните половина час и тоа бидејќи мултимилијардерите одобрија". 

Така изгледала средата на Твитер кога на официјалните сајтови на Бил Гејтс, Илон Маск, Џеф Безос, Џо Бајден, Барак Обама, Мајкл Блумберг, "Apple", "Uber" и многу други се појавиле неверојатно пораки.

"Време е за дарување", "поради Ковид се чувствувам дарежливо", "враќаме на заедницата" - така почнувале постовите во кои корисниците на Твитер биле повикувани на биткоин сметка да уплатат илјада долари и за половина час да ја дуплираат сумата.

"Ова е тежок ден за Твитер", напишал првиот човек на компанијата Џек Дорси на својот профил доцна вчера, наведувајќи дека програмерите постојано работат на исправање на грешката која го овозможила пропустот.

Твитер веднаш ги исклучил сите официјални профили обележани со сино кругче, а повторно станале активни неколку часа подоцна.

Во случајот се вклучил и ФБИ, а според досегашните сознанија зад нападот најверојатно стои хакерската група "cryoptoforhealth", која преземала одговорност на својот профил на Инстаграм, наведувајќи дека станува збор за "добротворен напад" и дека сите пари кои наивните корисници ги уплатиле отишле "на вистинско место".

Не се знае колку корисници наседнале на измамата, но извесно е дека ги има.



Спонзорирани линкови

Маркетинг