Апасиев: Тек сега почнуваме, Господ ги чува "будалите"

Макфакс

16/07/2020

21:13

13.199

Големина на фонт

а а а

"Фронтменот" на Левица, партијата која вчера успеа да освои две места во парламентот, повторно се огласи на својот профил на Фејсбук.

Тој статусот го започна со зборовите: "Не очајувајте другари, долг е патот на борбата". 

„Мојот земјак, велешанецот Панко БРАШНАР беше жив сведок на двата Илиндена (1903 и 1944). Илинденското востание не успеа, но четири децении подоцна – АСНОМ успеа. Тој го отвори со својот племенит говор. Таму, во манастирот Прохор Пчињски 1944 – писар му беше Киро Глигоров. Четири децении подоцна, тој ни ја честиташе ‘суверена, самостојна и независна Република Македонија’. Ноќеска им го пробивме системот! Пенетриравме во законодавната власт – сами, со сопствени сили. На наредни избори (кои пак ќе бидат предвремени) Левица ќе има двоцифрен број пратеници. И се така, додека не го добиеме мандатот да формираме влада. Оти, Господ ги чува ‘будалите'", напиша Апасиев на Фејсбук.

Лидерот на Левица на крајот додаде:

"Главата горе. И покрај сите кражби на гласови, ги изреметивме! И тек сега почињаме".

НЕ ОЧАЈУВАЈТЕ, ДРУГАРИ

ДОЛГ Е ПАТОТ НА БОРБАТА!

Мојот земјак, велешанецот Панко БРАШНАР беше жив сведок на двата...

Posted by Димитар Апасиев on Четврток, 16 јули 2020



Спонзорирани линкови

Маркетинг