Слушајте навреме! Научниците советуваат како да се заштитиме од коронавирусот во текот на зимата – две работи се клучни

Точка

16/07/2020

12:20

5.499

Големина на фонт

а а а

Советот е кога и да можете на зима да ги отворите вашите прозорци и да избегнувате метежи во затворени простории.

Кога здравствените проблеми кои што вообичаено се појавуваат на зима, а тоа се проблеми со астма, срцеви удари, шлог, грип, ќе се додаде и коронавирус, тоа значи дека здравствените системи во многу од земјите ќе бидат пред крах.

Научниците велат дека сите земји мора да се подготват на силен зимски бран на коронавирусот кој што ќе биде помоќен од претходниот.

Бидејќи во текот на зимата поголем дел од времето го поминуваме во затворени простории, полесно доаѓа до ширење на вирусот.

Покрај тоа уште потешко ќе биде да се идентификува коронавирусот затоа што симптомите му се слични со останатите вируси.

Кога на тоа ќе се додаде дека здравствените системи во многу од земјите веќе се погодени, прашањето е како ќе го дочекаме овој зимски удар.

„Мора да направиме се што е до нас, оваа зима да останеме здрави за приоритет да бидат најранливите категории граѓани“ - вели д-р Стивен Холгејт за Си-ен-ен, додавајќи дека има уште три месеци за подготовки и дека ова е клучен момент кога нешто може да се направи за да се спречат ужасните последици кои што ги носи зимскиот бран на коронавирусот.


Што треба луѓето да прават за да се заштитат?

Држете ги прозорците отворени

Во текот на зимата вирусите се поактивни затоа што повеќе време поминуваме во затворени простории, а полесно можат да се пренесат.

Покрај тоа, бидејќи денот е пократок, помалку време поминуваме надвор. Лошата вентилација заедно со метежот во затворените простории е идеално сценарио за ширење на вирусот.

Покрај тоа и малата влажност, ниската температура и мрачното време, помагаат вирусот подолго време да остане на површината.

Вакцина против сезонски грип

Научниците велат дека оваа година особено е тешко да се предвиди колку моќен ќе биде сезонскиот грип. Доколку се набљудува примерот со Хонг Конг, воочливо е дека оваа година ќе има помал број на случаи на заразени од грип.

Меѓутоа, важно е да се знае дали е можно истовремено да боледувате и од грип и од Ковид-19.

Затоа сите доктори и научници советуваат дека треба да се вакцинирате против сезонскиот грип.




Спонзорирани линкови

Маркетинг