Ибрахимовиќ со страшна „бомба“ го заспа противникот, дури и него му падна незгодно

Дерби

16/07/2020

10:26

1.103

Големина на фонт

а а а

Милан ја продолжи позитивната серија на резултати и со пресвртот против Парма стигна до нова победа во Серија А (3:1), пред се благодарение на ангажираната игра во вториот дел во кој „росонерите“ комплетно доминираа.

Всушност, домашниот тим беше подобар и во првите 45 минути, но откако не ги искористи своите шанси, Куртиќ погоди за 0:1 пред паузата и на тој начин го примора Милан да се враќа во мечот.

Фантастичниот гол на Кеси го најави кам-бекот и во продолжение Ромањоли и Чалханоглу го комплетираа пресвртот, но покрај постигнатите погодоци, од овој меч за издојување е и моментот кога Златан Ибрахимовиќ буквално „заспа“ еден противник.

Во воведниот дел од средбата, Милан доби слободен удар од непосредна близина, а како што се очекуваше, Ибра ја доби одговорноста да бие кон голот.

Златан тоа го направи навистина моќно со разорен шут, но истиот заврши во лицето на Рикардо Гаџоло кој доби класичен нокаут со топка. Дефанзивецот на Парма едвај се освести, а сцената беше до толку непријатна, што незгодно му падна и на искусниот напаѓач кој отиде да го подигне противникот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг