Заев прогласи победа: Успеавме, имаме 3 мандати повеќе!

Точка

16/07/2020

02:34

8.642

Големина на фонт

а а а

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев предмалку победи победа на коалицијата „Можеме“ на парламентарните избори.

Пречекан со овации, Зоран Заев од партискиот штаб на отворено порача дека ќе биде мандатар на новата влада и ќе донесе правда.

„Можеме. Можеме и тоа како можеме, успеавме народе мој. Имаме убедлива и стабилна предност од 3 мандати пред ВМРО-ДПМНЕ“, порача Заев и додаде дека постои можност за зголемување на предноста.

„Волјата на народот се потврди. Излегоа граѓаните за сигурна иднина и економски патриотизам. За ред и правда, избраа подобро денес и подобро утре. Патот напред е потврден, а на опасноста ѝ кажавме не“, изјави Заев.

„Денеска концептот „Парите кај граѓаните“ го порази концептот „Обнова на режимот“. Концептот што влече напред го порази концептот што сака да враќа назад“, изјави претседателот на СДСМ и порача дека сега следува правда.

„Знам дека оваа ваша поддршка, пред се е уште една шанса за правда. И верувајте, добро знам дека тивкиот глас на многумина од оние кои не гласаа е став кој бара правда. Го слушнав и тој став и му порачувам – ќе има правда“, порача Заев.




Спонзорирани линкови

Маркетинг