Веб страницата на Државната изборна комисија и натаму не функционира, а резултатите можат да се следат на нивниот YouTube канал.
Според последните податоци на ДИК, СДСМ има мала предност пред ВМРО-ДПМНЕ. Од пребројани гласови во 2,287 избирачки места, коалицијата „Можеме“ води со 36,79% од гласовите, додека за ВМРО-ДПМНЕ гласале 35,77% од гласачите.
Исто така мртва трка се води и меѓу најголемите албански партии – ДУИ води со 10,29%, додека пак Алијансата за Албанците има 8,12% од гласовите.
Понатаму, Левица 4,17, Интегра 1,39, а ДПА 1,32 отсто, додека пак останатите партии имаат под 1%.