Потресната фотографија од пријателите на Наја Ривера додека го чекаат идентитетот на безживотното тело го растажи светот

Точка

14/07/2020

17:53

5.315

Големина на фонт

а а а

33-годишната американска актерка, пејачка и модел Наја Ривера исчезна во средата на 8 јули, на езерото Пиру, а нејзиното безживотно тело беше извадено од езерото на 13 јули, потврди полицијата.

Во таа прилика, на езерото се собрале членовите на нејзиното семејство, пријателите и колегите кои ѝ оддале почит, а тажната фотографија го обиколи светот. 

Прв во јавноста се обрати капетанот Ерик Бушоу, кој ги потврди лошите вести.


“Оваа област беше тешка за истрага. Не знам на која длабочина ја пронашле, ќе имам повеќе детали”, изјавил капетанот.

Пред полицијата да потврди дека е пронајдено телото на Наја, група најблиски пријатели како и колегите од серијата”Glee” стоеле на брегот на езерото и чекале потврда за идентитетот на телото. Емотивната фотографија на која семејството и пријателите се молат актерката сепак да е жива, го обиколи светот и расплака многу нејзини обожаватели.


Помеѓу собраните луѓе биле и родителите на Наја, Џорџ и Јоланда Ривера, како и нејзиниот поранешен сопруг Рајан Дорси со кој го има 4-годишниот син, кој тој ден бил со неа на езерото.


Детето ѝ кажало на полицијата дека таа го извлекла од езерото и го качила на чамецот пред да исчезне во водата. Од полицијата откриваат дека Наја собрала доволно енергија да го спаси синот од давење, но немала доволно сила да се спаси себеси.

За потсетување, Ривера е најпозната по улогата на мажоретката Сантана Лопез во серијата “Glee”, која се прикажуваше од 2009 до 2015 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг