Румениге посебно ја жали пропадната ѕвезда на Барселона: За мене беше еден од омилените

Дерби

14/07/2020

16:24

2.517

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен обезбеди нова титула во Бундеслигата и во германскиот куп, а во ситуација кога баварскиот гигант ја обезбеди двојната круна на домашно тло, повеќе од јасно е дека ќе тргне и по триплета кога ќе се рестартира Лигата на шампионите.

Со оглед на прикажаното во последните месеци, Баерн е еден од главните фаворити за најпрестижниот трофеј во Европа на клупски план, а доколку германскиот тим и Барселона минат во наредната рунда, ќе гледаме големо дерби во четвртфиналето.

Говорејќи за можно такво сценарио, Карл Хајнц Румениге не пропушти да нагласи дека му е посебно жал за една пропадната ѕвезда на Барселона, односно за фудбалерот чии квалитети добро ги познаваат во Германија. Директорот на Баерн призна дека Усман Дембеле бил еден од неговите омилени фудбалери додека настапувал во Борусија Дортмунд и искрено жали што не може да крене глава во Барселона.

– Дембеле? Тој беше еден од моите омилени играчи. Кога беше во Дортмунд, многу сакав да го гледам како игра. Без никаков сомнеж, во тоа време беше еден од моите омилени фудбалери, – вели Румениге за „Франс Фудбал“ и додава.

– Навистина не ми е сеедно да го гледам вака. Жалам што неговиот развој е значително одложен поради многуте повреди кои ги заработи во Барселона, – додаде легендата на Баерн, алудирајќи на тоа што Усман има пропуштено дури 86 натпревари за Барса поради повреди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг