Сколс го посочи виновникот за доцниот гол кој го прими Јунајтед: Тој беше измалтретиран

Дерби

14/07/2020

16:21

1.510

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед на болен начин прими гол во 96-та минута и загуби два драгонеци бода во битката за место во Лигата на шампионите наредната сезона, но во анализата по мечот, посебно на удар се најдоа двајца играчи на домашниот тим.

Хари Мегваер наиде на доста критики поради тоа што во принцип го чуваше својот соиграч Ван Бисака, но легендарниот Пол Сколс беше повеќе нападен кон Виктор Линделоф, стоперот кој според него морал подобро да ја процени ситуацијата кога Обафеми погоди за 2:2.

Токму Линделоф беше чуварот на Обафеми, но фудбалерот на Саутемптон беше подобро поставен и израмни на 2:2 во 96-та минута на „Олд Трафорд“.

– Линделоф мора да биде многу посилен во таква ситуација. Тој мора да биде пред играчот, а во овој случај, дозволи да биде измалтретиран од напаѓачот на Саутемптон.

– Центарфорот на Саутемптон подобро се постави, Линделоф едноставно не ја процени добро опасноста како што треба да ја процени еден стопер, – изјави Сколс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг