МВР: Распишана е потерница по екс судијата Владимир Панчевски

Точка

14/07/2020

16:09

3.455

Големина на фонт

а а а

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев денес информираше дека е распишана потерница по експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Чулев откри дека полицијата три пати го побарала Панчевски по налог на велешкиот суд, но тој не бил пронајден.

„Судот до СВР Велес достави наредба за приведување со решение за притвор, секторот за внатрешни работи тоа го достави до СВР Скопје и во три наврати припадници на полицијата од полициската станица во Центар се обидуваа да го пронајдат бараното лице, но не успеаја, по што беше информиран СВР Велес и е распишана потерница по именуваното лице. Се вршат моментално оперативни проверки, за да се утврди дали лицето официјално ја напуштило државата“, изјави Наќе Чулев.


Инаку, Панчевски е обвинет во предмет за злоупотреби на системот „АКМИС“ за распределба на предмети кај судии кога беше прв човек на Кривичниот суд во Скопје. Поради тоа што не се појави на рочиштата му беше одредена мерка притвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг