Најсјајната комета во последните 25 години! Спектакуларна глетка над Јадранското море

Точка

14/07/2020

15:57

5.058

Големина на фонт

а а а

Кометата "C/2020 F3 Neowise" била воочлива пред зората во текот на претходната недела на радост на љубителите на северното небо. Се вели дека тоа е една од ретките комети која станала видлива во текот на овој век, а се смета за "натрапник" на Сончевиот систем. Се нарекува и "Голема комета 2020".

На снимката се гледа како кометата "Неовајс" од Италија се воздигнува над Јадранското море, се гледа како се воздигнува и ја остава опашката пред светлите и разбранети бујни облаци, со блескави ѕвезди во позадина.  

Се смета дека ова е најсјаната комета во последните 25 години.

##https://twitter.com/elbloqueado/status/1282716378944999424?s=20##

"NASA" оваа комета ја открила во март, пишува агенцијата "AP". Нејзиното јадро е прекриено со разгорен материјал, кој датира од почетокот на нашиот Соларен систем, пред околу 4,6 милијарди години.

Научниците кои учествуваат во оваа мисија велат дека кометата има дијаметар од околу пет километри.

Оваа комета повторно ќе биде видлива од Земјата за 7.000 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг