На интернет кружи снимка од трагично починатата актерка: „Како да зборува за својата смрт...“

Точка

14/07/2020

21:24

10.624

Големина на фонт

а а а

Телото на актерката Наја Ривера беше пронајдено на 13-ти јули, точно на денот на 7-годишнината од смртта на нејзиниот колега од серија „Glee“, Кори Монтеит.

Инаку, нејзиниот колега Монтeит се предозирал во хотелската соба во Ванкувер во 2013-та година. Обдукцијата покажала дека го убила смртоносна комбинација од алкохол и хероин. Четири месеци претходно излегол од клиника за одвикнување.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Трагичен крај: Безживотното тело на актерката Наја Ривера пронајдено во езерото Пиру

Во тоа време сè уште траело снимањето на серијата, а ликот кој што го толкувал Монтеит требало да се врати во серијата.

Од вчера на социјалните мрежи се шири сцена од серијата во која што Наја му пее посвета на Фин, односно Кори.

Освен што насловот на песната е „If I Die Young“, сега звучи уште попотресно, стиховите во кои што се спомнува реката многу повеќе потсетуваат на трагичната судбина на актерката отколку на Кори.

„Доколку починам млад, закопајте ме во сатен, положете ме на кревет од рози, ставете ме во река во зората“ - отпеала актерката пред седум години.

„Оваа песна сега звучи така морничаво“, „Звучи како да зборува за себе“, „Факт дека не знаела дека вака ќе почине во 2020-та година, ми го крши срцето, како оваа серија да е проклета“ - се само некои од коментарите напишани под видеото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг