Загубено ремек-дело кое било купено за 56 долари, деновиве продадено за 9 милиони долари!

Точка

14/07/2020

13:14

2.386

Големина на фонт

а а а

Заборавена ваза, одамна купена за само 56 долари, во саботата во Хонгконг беше продадена за девет милиони долари откако била откриена во дом на стара жена од Европа.

Вазата која угледната аукциска куќа “Sotheby’s” ја опиша како „загубено ремек-дело“ е редок примерок од 18-тиот век. Вазата поминала 50 години во куќа во централна Европа опкружена со многу мачки и кучиња.

Необичната ваза на која сино-белиот порцелан се гледа низ мрежеста порцеланска структура бил направен за царот Кианлонг кој владеел со Кина повеќе од 60 години.


„Чудесно е што оваа исклучително кршлива ваза преживеала половина век во куќа опкружена со голем број на домашни миленици“, изјави Николас Чоу од “Sotheby’s”.

Станува збор за ваза која е дел од неколку слично изработени вази во периодот од 1742 до 1743 година, а се верува дека сопственичката ја наследила вазата. Наследничката повикала проценители да ја погледнат нејзината кинеска ваза, а експертите на “Sotheby’s” пронашле запис за неа во архивите на пекиншкиот Забранет град.


Вазата била во царската Палата на небесна чистина и царот исклучително ја ценел поради дизајнот. Од аукциската куќа не открија во која европска земја вазата била откриена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг