Мистерија која ги опседнува научниците: Морнари кои минале 35 дена на брод се заразиле со коронавирус - како?

Точка

14/07/2020

12:00

6.971

Големина на фонт

а а а

Научната заедница на Аргентина е соочена со, се чини, нерешлива енигма: седум морнари се заразени со коронавирус, иако биле на море 35 дена. Важно е да се нагласи дека сите членови на екипажот биле тестирани пред нивниот брод да исплови.

Бродот "Echizen Maru" се вратил на пристаништето Ушуаје откако некои од рибарите пројавиле симптоми на Ковид-19, соопштило Министерството за здравство на најјужната аргентинска покраина, Огнена земја.

Локалните власти потврдиле дека биле идентификувани седум позитивни случаи.

Пред почетокот на патувањето, вкупно 60 членови на екипажот минале во 14-дневен карантин во хотел во Ушуаје, а претходно биле тестирани на "SARS-CoV-2" и сите биле негативни.

"Тешко е да се утврди како се заразил екипажот, знаејќи дека 35 дена немаа контакт со копно, а снабдувањето е вршено надвор од пристаништето Ушуаје", рекла Александра Алфаро, директорка на болницата во овој град.

Тимот го проучува времето кога рибарите почнале да покажуваат симптоми за да го одредат времето на инфекција.

Според зборовите на главниот специјалист за заразни болести Леандро Балаторе, ова е "случај кој никаде не е опишан во објавените истражување, бидејќи никаде не се бележи толку долга инкубација на вирусот".

"Уште не можеме да објасниле како се појавиле симптомите. Неверојатно е, но имаме пет претпоставки кои мораме да ги разгледаме за да утврдиме што навистина се случило", истакнува тој.

Екипажот е повторно во карантин, но овој пат на сопствениот брод кој се вратил на пристаништето.

Случајот заинтригирал многу научници ширум светот кои сакаат да откријат како е можно заразата да влегла на изолиран брод меѓу, според стандардите, здрави луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг