"Скајборг" дроновите ги праќаат славните американски ловци "F-16" во пензија: Планот е на бојното поле да се заменат ракетите и воените авиони

Точка

13/07/2020

21:27

3.551

Големина на фонт

а а а

Американското Воено воздухопловство одлучило да замени некои ловци "F-16" со малите беспилотни летала за напад "Скајборг", а модернизацијата ќе се врши до 2023-та година.

Како што се наведува, новите летала би требало да ја избришат границата меѓу обичните беспилотни летала и крстаречките ракети кои се користат само еднаш. Тие ќе ги заменат, не само ловците, туку и своите претходници - моделот "MQ-9", кој, како што се очекува, дотогаш веќе ќе застари. 

Според зборовите на помошник секретарот на Военото воздухопловство на САД, Вил Ропер, достигнувањата на конструкторскиот тим на "Скајборг" во иднина би можеле да бидат искористени во цивилни цели, пренесува порталот "Aviation Week & Space Technology".

На проектот на "Скајборг" работела Истражувачката лабораторија на Военото воздухопловство на САД. Американските војници претпоставуваат дека тој во иднина ќе ги замени обичните дронови, ракети и авионите за напад на бојното поле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг