Турција во петокот го поништила декретот со кој Аја Софија е претворена во музеј и со тоа го вратила статусот на џамија.
Папата Франциско рекол дека е длабоко погоден и тажен поради одлуката на Турција, музејот Аја Софија во Истанбул да го претвори во џамија.
"Моите мисли се сега во Истанбул. Размислувам за Аја Софија и тоа вистински ме боли", истакнал папата во обраќањето до верниците на Плоштадот Свети Петар во Рим.
Турција во петокот го поништила декретот со кој Аја Софија е претворена во музеј и со тоа го вратила статусот на џамија.
Како образложение за тоа, претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган навел дека овој потег претставува чекор напред за Турција.