И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар град“ во Работничката улица.
Во Белград на Плоштадот на слободата и оваа вечер се собраа граѓани, каде некои од учесниците се обратија до насобраните. Граѓаните во прошетка и денеска ги предводеше активистот и член на Здружената акција „Покрив над глава“, Миран Погачар. Повеќето од насобраните носат заштитни маски. Организаторите и денеска подготвија импровизирано мобилно озвучување.
Неколку стотина луѓе се собрааво близина на собранието, каде четири дена по ред се одржуваат насилни протести. Иако насобраните луѓе се наоѓаат во Пионерскиот парк, сепак сообраќајот на плоштадот Никола Пашиќ е затворен.
Демонстранти засега нема пред оградата која изминатите вечери ги делеше граѓаните од полицијата и зградата. Нема видливо присуство на униформирани припадници на полицијата, пренесуваат српските медиуми.