Авиони на НАТО изнесуваат дрога од Авганистан? Лавров изнел сериозни сомнежи, Русија бара истрага

Точка

11/07/2020

17:06

5.503

Големина на фонт

а а а

Според високиот руски дипломат, во текот на 20-годишното присуство на Америка и коалицијата во Авганистан, трговијата со дрога од таа земја повеќекратно се зголемила.

Русија инсистира дека се истражуваат извештаи за можна употреба на НАТО авиони за превоз на дрога од Авганистан, изјавил во петокот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. 

"Ние и натаму добиваме извештаи дека шверцот на опијати е организиран од Авганистан во други земји, вклучувајќи ја и Европа, со употреба на воените авиони на НАТО коалицијата", рекол тој во текот на меѓународниот он-лајн форум "Примаков Ридингс".

"Не можеме 100 проценти да ги потврдиме овие извештаи, но тие доаѓаат пречесто за да ги игнорираме. Ако се користеле воени авиони над Авганистан, тие може да бидат само на НАТО, а таквите летови може да ги вршат само војската или специјалните служби. Секако, таквите информации треба да се истражат, пред се во САД", нагласил Лавров.

Според рускиот дипломат, истрага е потребна во земјите членки на НАТО.

"Набљудувајќи ги апсолутно доверливите извори, можеме да кажеме дека во текот на 20 годишното присуство на Америка и коалицијата во Авганистан, трговијата со друга од таа земја е двојно зголемена. Ни САД, но останатите членки на коалицијата не преземале сериозни мерки да се спречи производството на опијати во Авганистан", додал Лавров.




Спонзорирани линкови

Маркетинг