Детаљ број 1 за летниот период – ова е најженствениот моден додаток

Точка

11/07/2020

15:34

3.854

Големина на фонт

а а а

Шеширот од слама е најзаводливиот елемент на женската летна гардероба, осмислен да штити од сонце, но и да привлекува внимание.

Освен на плажа, овој моден додаток лесно се вклопува и во урбаниот стил, за прошетка со партнерот, кафе со пријателките или за дружење во природа. 


Модните дизајнери и познатите брендови во своите колекции претставија сламени шешири со различни димензии и облици, а особено шармантни се оние надополнети со ефектни детали и дезени.

Вљубеничките во модата кои сакаат да бидат во центарот на вниманието нека одберат модели со широк обод или екстравагантни детали, како врвки и натписи, додека “класичарките” ќе ја пронајдат својата сродна душа во едноставните шешири со скромни димензии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг