Бебето било мирно само кога кучето спиело со него во собата, а снимката од камерата открила зошто

Точка

11/07/2020

15:18

11.358

Големина на фонт

а а а

Еден белгиски пар забележал дека нивното бебе многу плаче кога спие со нив во иста соба, но дека е мирно кога спие во собата во која спие и нивното куче.

Мајката на бебето случајно открила што прави кучето кога тоа ќе почне да плаче и како му успева да го смири. Таа ја снимила целата ситуација и ја објавила на социјалните мрежи. 

Во моментот кога ќе го слушне плачот на бебето, кучето станува и веднаш започнува да си игра со него сè додека не се исушат неговите солзи и не се претворат во смеа, а потоа, како вистински чувар, тоа чека пред колевката сè додека бебето не потоне повторно во сон.

Во случај бебето да не престане да плаче, кучето најпрвин се обидува да го смири така што почнува да го бакнува, а ако ниту тоа не успее, се упатува кон кујната и се враќа со шише млеко.

Мајката открила дека кучето е исклучително заштитнички настроено кога станува збор за бебето и понекогаш одбива да јаде ако види дека ни бебето нема апетит.

Оваа прекрасна сцена собрала повеќе од 2 милиони прегледи на Јутјуб и бројни позитивни коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг