Мурињо: Колку време му требаше на Клоп да освои трофеј?

Макфакс

11/07/2020

13:55

2.210

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо верува дека наскоро ќе почне да освојува трофеи со Тотенхем. Португалецот во ноември минатата година го наследи Маурисио Покетино на клупата на Тотенхем, има договор до јуни 2023 година.

„Колку време им беше потребно на Јирген и Ливерпул? Четири години, четири сезони. Го купија најдобриот голман во светот, најдобриот дефанзивец во светот…Фокусиран сум на мојот тригодишен договор. Верувам дека во тој период ќе освојуваме трофеи“, рекол Португалецот.

Мурињо истакнал дека во претстојниот преоден рок нема да има на располагање 100 милиони фунти за да го засили тимот. Оваа сума Тотенхем ја потрошија минатото лето.

„Јас работам за клубот. Повторувам моите амбиции секогаш се исти, но сега се наоѓа во фаза во која помалку гледам на личните остварувања и рекорди, повеќе сум фокусиран на клубот. Оптимист сум, сигурен сум дека ќе направам одредени промени во тимот, а за тоа нема да би бидат потребни паи колку што клубот потроши минатото лето“, рекол Мурињо.

Тотенхем утре од 17.30 ќе го одигра дербито на северен Лондон против Арсенал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг