Македонскиот пасош помоќен од американскиот и рускиот: Еве како коронавирусот влијаеше на тоа...

Точка

11/07/2020

18:55

7.182

Големина на фонт

а а а

Моќта на американскиот пасош нагло опадна поради новото влошување на ситуацијата со коронавирусот во земјата.

САД неколку дена по ред регистрираат рекорден број на новозаболени, а во следната седмица се очекува ситуацијата уште повеќе да се влоши.

Тоа се одрази на можноста за патување ширум светот, па така сега Американците можат без виза да патуваат само во неколку земји. До неодамна со пасошот на САД можеше да се патува практично насекаде низ светот, но работите драстично се променија.

Тоа што е најинтересно, според “Passport Index”, неколку балкански земји сега имаат подобро рангиран пасош од светски сили како што се САД и Русија.


Така, македонскиот пасош се наоѓа на 15-то место, додека пасошот на Соединетите Американски Држави се наоѓа на 19-то место. Пасошот на Руската Федерација се наоѓа на 25-то место, иако ситуацијата во Русија со коронавирусот не е така лоша како што е во САД.

На првото место се наоѓаат пасошите на Јапонија и Нов Зеланд, додека на последното место се Авганистан и Ирак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг